Соопштенија


Пристигнати се вкупно 691 апликација на четирите јавни огласи за доделување под закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари кои ги распиша Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски беше гостин во емисијата Македонија наутро на првиот канал на Македонската Радио Телевизија.


Советот за земјоделство и рурален развој денес одржа конститутивна седница, со која претседаваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Согласно Законот за земјоделство и рурален развој, за Членови на овој Совет, беа избрани претседателите на постојаните потсекторски групи, претставник од три најголеми национални здруженија на земјоделски производители, претставник на здруженија на преработувачи, претставник на стопанските комори, претставник на високообразовните институции од областа на земјоделството, претставник на здружение на потрошувачи, претставници од здруженијата на единиците на локаланта самоуправа и здруженијата за заштита на животната средина.


Националниот план за производство на храна содржи мерки за директна поддршка на земјоделците, со акцент на житните култури. Обезбедена е дополнителна мотивирачка мерка за производителите на житни култури од 5.760 денари по хектар за сите земјоделци кои имаат остварен принос од еден или повеќе хектари површина со пченица, јачмен, рж, овест и сончоглед и ќе го предадат во домашни преработувачки или откупни капацитети. 

Од оваа година оваа дополнителна мерка е изменета, па огранигучањето на приносот од 5 до 50 хектари, кое претходно важеше, е заменето и истата мерка, од април ова година важи без ограничување од еден хектар, па нагоре за сите производители на житни култури.


Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) распишаа седум јавни огласи за доделување под закуп на државно земјоделско земјиште до и над 3 хектари.

Преку овие седум јавни огласи на располагање на земјоделците и земјоделските стопанства се ставаат вкупно 13.785 хектари државно земјоделско земјиште распоредени низ целата територија на државата. Намената на огласите е обработка на житни култури, подигнување на долгогодишни насади и производство на сточна храна.