Новости


Денеска се исплатија близу 255 милиони денари субвенции на 11.828 земјоделци, за мерката за директни плаќања за градинарско производство во контролирани услови за пиперки, краставици и домати. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, посочи дека денешната исплата е во рамки на динамиката за исплата на субвенции, во период кога им се најпотребни на земјоделците.


Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, заедно со шефот на кабинетот во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Никица Бачовски денеска остварија средба со земјоделците од Неготино. Директорот на АФПЗРР, Бабовски, информираше дека субвенциите за оддржување на лозовите насади се веќе на сметките на лозарите.  


Секој килограм произведен тутун од реколтата 2019-та ќе биде откупен, порача на денешната прес-конференција, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

 


Министерот за земјоделство, шумaрство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, денеска ја посетија локациите кадешто оваа општина ги реализира капиталните инвестиции преку мерките од Програмата за рурален развој.


На синоќешното Собрание на учесници во консолидација на земјоделско земјиште од село Егри, кое се одржа во Битола, со мнозинство гласови сопствениците на земјоделско земјиште го усвоија предлог планот за распределба на земјоделското земјиште, како завршна фаза во постапката за консолидација во катастарската општина Егри.  Собранието го организираше Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, надлежно за спроведување на националната политика за консолидација за земјоделско земјиште.