Соопштенија


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува земјоделците дека на 6 јули 2022 година истекува рокот за аплицирање на јавниот повик за финансиска поддршка при набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и мобилни сушари за ориз.

Овој јавен повик се распишува преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година, мерка 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства.

 


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ги додели договорите за финансиска поддршка за организација на локални манифестации и саеми за промоција на македонските земјоделски производи.

На јавниот повик објавен од страна на министерството кон крајот на месец март годинава пристигнаа вкупно 61 апликација, од кои се одобрени 47 во вредност од околу 5 милиони денари. Овој јавен повик за поддршка за организирање и спроведување на локални манифестации и саеми за промоција на земјоделски производи.


Поставување на основата за подготовка на интегрирана Национална стратегија за обезбеденост со храна во Северна Македонија ќе биде во фокусот на нов проект на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО).

Проектот беше промовиран денеска преку настан во Скопје, организиран од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ФАО во партнерство со Мрежата за рурален развој на Северна Македонија.

Во своето поздравно обраќање, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, истакна дека во ова време на глобални промени, од суштинско значење е да се обезбеди пристап до безбеден, стабилен и прифатлив извор на храна за сите, и дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе даде целосна поддршка во процесот на развој на Националната стратегија за обезбеденост на храната.


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) потсетува дека на 30 јуни истекува рокот на кој земјоделците може да аплицираат на четирите јавни огласи за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари наменети за подигнување на долгогодишни насади.

Преку овие четири јавни огласи на располагање се ставени вкупно 4.294 хектари државно земјоделско обработливо земјиште до 3 хектари, распределени во 31 регион низ државата и тоа: Гостивар, Дебар, Кичево, Куманово, Ресен, Тетово, Гази Баба, Свети Николе, Струга, Охрид, Карпош, Кисела Вода, Чаир, Демир Хисар, Валандово, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Струмица, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Берово, Битола, Македонски Брод, Виница, Гевгелија, Делчево, Кавадарци, Велес и Штип.

Намена на земјоделското земјиште кое се дава под закуп е за подигнување на долгогодишни насади и оранжерии за период до 30 години, подигнување на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигнување на маслинарници за период до 50 години, поставување на пчелни семејства за период до 15 години, ливади за период до 15 години, одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри за период до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативни активности за рурален туризам до 30 години.


Вистинската грижа за земјоделците подразбира изнаоѓање на решенија за нивните проблеми, а најдобрите решенија се оние кои се подготвени заедно со земјоделците, слушајќи ги нивните маки и нивните предлози. Токму вака креираните мерки на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) веќе го даваат вистинскиот ефект и резултати.