Јавни Огласи


I. ПРЕДМЕТ

Предмет на овој јавен повик е реализација на мерките од Дел V и VI од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултура за 2019 година и тоа:

1) Пилот проекти за развојни, истражувачки и апликативни пилот проекти особено наменети за:

- зголемување на производството на риба,

- заштита на рибите и животната средина,

- развој на риболовниот туризам и

- за истражување на пазарот и маркетинг на риби и производи од риби.

2)  Развој на нови пазари и промотивни кампањи за:

- организација и/или учество на меѓународни манифестации, саеми и натпревари.


Во рамки на проектот финансиран од Европската унија “Воведување на Национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД), спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, објавен е јавен тендер (Референтен број: 2020/CSAPC/REUDD/105169) за извршување на “Консултантски услуги за консолидација на земјиште во Република Северна Македонија, Фаза III - Катастарски премер и техничка документација за земјоделска инфраструктура во Егри. 


ПРЕДМЕТ НА КОНЦЕСИЈА

  1. 1.                   Риболовна зона “Акумулација Тиквешко Езеро“ -ја опфаќа целата површина на акумулацијата освен приобалниот дел до 10 метри од брегот (делот определен како рекреативна зона) и обележаниот појас околу поставените кафези за одгледување риби.
  2. 2.                  Риболовна зона “Акумулација Шпилје“ - ја опфаќа целата површина на акумулацијата 500 метри низводно од мостот на реката Црн Дрим кој се наоѓа северно од хидоцентралата “Глобочица“  и 500 метри низводно од мостот за с.Долно Косоврасти, освен приобалниот дел од 50 метри до брегот и обележаниот појас околу поставените кафези за одгледување на риби.


Македонската асоцијација на земјоделски задруги - МАЗЗ, ве поканува да учествувате на Повикот за ангажирање на 2 (два) консултанти  за спроведување на вкупно обуки на тема: Загадувањето   од пестициди  во  земјоделството и заштитата на животната средина. Повикот се спроведува во рамките на проектот Бизнис План 2019-2020, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од МАЗЗ.


I. ПРЕДМЕТ

Предмет на овој јавен повик е реализација на средствата утврдени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 („Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 265/19) раздел 14001 - Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, програма 3 - Земјоделство и рурален развој, потпрограма 30 Земјоделство, ставка 489 - Капитални субвенции за претпријатија и невладини организации во износ од 10.000.000,00 денари чии средства ќе се користат за субвенционирање на проекти кои имаат за цел подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја на интензивна земјоделска дејност.