Придобивките од иницијативата „Отворен Балкан“ се видливи, тоа што е потпишано веќе се спроведува, нема заджување на камионите на граница, се крати времето на чекање, се кратат административните и царинските процедури, за само 24 часа македонските производи, се на српскиот пазар, изјави утрово министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој заедно со министрите за земјоделство на Србија, Албанија и Република Српска, го посетија царинскиот терминал „Делизе“ во Белград, Република Србија.