Соопштенија


Владата на својата денешна 52 седница донесе одлука со која се распишуваат уште два нови јавни огласи за доделување на државно земјоделско земјиште над 3 хектари. Вкупно, на двата јавни огласи, на располагање се ставаат 3.769 хектари државно земјоделско земјиште.


Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски, беа во посета на млади земјоделци- браќата Душко и Ристе Гошевски од Валандово.


Тутунарите ги добиваат заслужените субвенции за реколтата 2021. Откако успеавме да ги одблокираме законските измени, преку кои се одложи обврската кон УЈП, директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 2 јуни ги подготви и потпиша сите решенија за исплата на субвенциите и истите беа предадени до министерството за финансии за исплата.


Денеска пред претставниците на ЗЕЛС, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски го презентираше јавниот повик за изградба на пристапни патишта до земјоделско земјиште, на кој може да аплицираат општините. Јавниот повик е финансиран со средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.


На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука со која се олеснуваат критериумите во кредитната линија за поддршка на претпријатија со дејност од областа на земјоделството, со цел зголемување на производството на земјоделските производи и нивните преработки, од средствата на Компензационите фоднови со кои управува и располага Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици