Денеска, во село Логоварди, Општина Битола, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасовски, го посетија објектот каде во карантински услови се чуваат 159 јуници, набавени преку мерката 1.2.1 од Програмата за рурален развој.