Во насока на целосна транспарентност, денеска се одржа јавна расправа за содржината на Нацрт – Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост. На јавната расправа присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, и претставници од сите економски партнери на Министерството за земјоделство (здруженија на земјоделци, стопански комори, подсекторски групи, научната фела), како и невладини организации, кои во изминатиот период искажаа определени ставови во однос на Законот.