Соопштенија


Ова информирање на јавноста има за цел да ги предупреди правните и физичките лица кои сакаат да се стекнат со закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост да не подлегнуваат на понуди од лица кои нудат земјоделско земјиште во државна сопственост на брз начин и без спроведување на постапки пропишани со законот за земјоделското земјиште, туку за сите информации да се обратат до надлежната организациона единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство-Секторот за управување, располагање и продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, која ќе им ги даде сите потребни информации за законските постапки за добивање на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп или пак да ја користат веб страницата на Министерството каде се објавуваат сите јавни огласи и јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.


Како што и ветивме пред тутунарите, веднаш по донесувањето на измените на Законот за земјоделство и рурален развој, започна постапката за исплата на заслужените субвенции кон тутунарите.

Сите решенија за исплата на субвенциите кон тутунарите за реколтата 2021 година се изготвени и од страна на директорот на Агенцијата за Финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски се потпишани и проследени до министерството за финансии. Во еден ден, без селекција ја реализираме финансиската поддршка за тутунарите.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски имаше чест да се обрати на настан по повод 1. јуни Светски ден на млекото. Настанот се одржа во дворот на компанијата „Бимилк“, во Битола, во присуство на менџерскиот тим на Бимилкпретставници на институции и бројни кооперанти - производители на млеко.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски вечерва гостуваше во Тема на денот на Сител телевизија. 

Преку денешното едногласно изгласување на измените за Законот за земјоделство и рурален развој во Собранието покажавме консензуалност и политичка култура поенцираше министерот Љупчо Николвоски.


Во овој клучен период се носат исклучително важни закони за нашите сограѓани земјоделци и традиционалните земјоделски семејства. И покрај повеќемесечното кочење и блокирање на овие важни закони предложени од Владата, барем за момент покажавме дека доколку заедно на прво место ги поставуваме приоритетите на граѓаните наместо теснопартиските интереси, може да се носат разумни одлуки од кои полза има целото македонско општество. Моето лично убедување, кое неколку пати и директно го истакнав пред пратениците и Собранието, е дека токму ова е наша основна работа како политичари - постојано да го штитиме и застапуваме интересот на сите граѓани.