Соопштенија


Европската комисија, ја усвои новата ИПАРД 3 Програма за Северна Македонија, изјави на денешната прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупо Николовски. Николовски посочи дека  Европската комисија ја препознава посветеноста на МЗШВ, телото за управување со ИПАРД и на Платежната агенција  за успешна искористеност на мерките од претходната ИПАРД 2 програма, и затоа буџетот за ИПАРД 3 се очекува да биде за над 60 отсто поголем од ИПАРД 2. 


Владата на денешната седница донесе одлука за исплата на штетите од елементарни непогоди што ги претрпеа земјоделците во 2016, 2017 и 2018 година. Висината на обештетувањето ќе биде 10 отсто од вкупно проценетата вредност. Со одлуката се опфатени 35 елаборати поднесени од 29 општини, ќе бидат обештетни над 9.100 граѓани и правни субјекти.


Министерот за земјоделство,шумасртво и водостопанство Љупчо Николовски, денеска одржа работен состанок со потсекторската група за житни култури во врска со последните зголемувања на цените на вештачките ѓубрива и изнаоѓање на нови мерки за помош на земјоделците.


Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски одржа состанок со здруженијата на одгледувачи на свињи и Асоцијацијата на земјоделци, на којшто се разговараше за потребата од донесување на нови мерки за поддршка на свињарството и за одржување на домашното производство на свинско месо, поради зголемување на цените на добитична храна и падот на цените по заклано грло. 


За време на вчерашната посета на битолскиот регион, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, одржа средба со одгледувачите на овци.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум