Соопштенија


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, министерката за финансии, Нина Ангеловска, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство, Николче Бабовски, денеска одржаа прес-конференција во врска со исплатата на субвенциите за тутун од реколта 2019.


Поради зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,  по барање на ЈП „Национални шуми“, воведува  забрана за движење во шума и на шумско земјиште од 06:00 до 20:00 часот. Забраната започнува да важи од 17.04.2020 (петок) година и ќе трае се до нејзино отповикување.


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите земјоделци кои имаат потреба за извршување земјоделски активности за време на Велигденските празници, движењето ќе биде регулирано на ист начин како по претходно утврдените правила:

- Земјоделците коишто имаат работни обврски на своите земјоделски површини на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски одржа прес-конференција на којашто соопшти дека Владата на Република Северна Македонија ќе ги овозможи сите потребни услови за одржливо земјоделско производство, пласман и ќе одговори на барањата на земјоделците.


Имајќи ја предвид прогласената вонредна состојба во државата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до Владата предложи донесување на уредба со законска сила со цел овозможување нормално функционирање на државата и заштита на јавното здравје,  спречување на ширење на вирусот Корона (COVID 19) и производство да доволни количини на храна од примарно земјоделско производство.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици