Соопштенија


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува земјоделците - сточари дека во тек е јавен повик за набака на силоси за сточна храна со капацитет до 25 тони од мерката 121 „Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства“, подмерка 121.9 - Набавка на силоси.


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство неодамна објави јавен повик за мерката 115 „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“ популарно наречена мерка „Рурална жена“.

Ги потсетуваме сите жени земјоделки дека јавниот повик е во тек и истиот ќе трае до 20.05.2022. Има доволно време за сите заинтересирани да аплицираат на повикот и да ги искористат средствата од мерката кои од оваа година се двојно поголеми, па така грантот сега е зголемен од 3000 на 6000 евра неповратни средства, по корисник. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

 


Во рамките на теренската кампања со која ги доближуваме мерките од Националниот план за производство на храна до секој земјоделец, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски и државниот советник за рурален развој, Трајан Димковски, ја посетија живинарската фарма „Шест Браќа“ во општина Студеничани.

Оваа живинарска фарма повеќе од 20 години е успешен семеен земјоделски бизнис во сопственост на семејството Суати. Одлегуваат 160.000 несилки со што претставуваат еден од поголемите производители на конзумни јајца.

 


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денес во Кавадарци присуствуваше на манифестацијата Ден на Станушуна, автохтона сотра на вино подготвена од тиквешките семејни винарии, каде имаше и свое обраќање. 

 


Во овие моменти на светска криза постојано сме во консултација со земјоделците. Целиот капацитет на министерството е ставен на располагање на секој еден земјоделец, во секое време.  Заедно рамо до рамо со земјоделците, успешно се бориме со кризата во која се наоѓаме. 

Како дел од теренската кампања за презентација на мерките од Националниот план за производство на храна, државниот советник Трајан Димковски и директорот на Платежната Агенција, Никица Бачовски денес остварија средба со земјоделците од општина Чашка.