Соопштенија


Mинистерoт за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и заменик регионалниот претставник на ФАО за Европа и Централна Азија, Набил Ганги, денеска во Рим остварија средба со Генералниот директор на Организацијата за храна и земјоделство на ОН – ФАО, Кју Донгју. Во рамките на посетата, министерот Николовски ја потпиша новата петгодишна Програмска рамка, помеѓу Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) и Република Северна Македонија, за период 2021 – 2025 година.


Како дел од работната посета на Република Италија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, оствари работна средба со министерот за политики во земјоделството, прехрана и шумарство на Италијанската Република, Стефано Патуанели.


Денеска на сметките на 10.479 овоштари исплатени се  субвенциите со вкупна вредност од 434.448.813 денари по основ директни плаќања за оддржување на постоечки овошни насади. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат минимум 0.2 ха површина со постоечки овошни насади и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со делегација на министерството, од денеска е во дводневна работна посета на Република Италија.

Во рамки на првиот ден од работната посета министерот Николовски заедно со македонската делегација го посети откупно дистрибутивниот центар Чентро Агроалиментаре, каде им беа презентирани основните карактеристики на откупниот центар и пазарите на големо во Италија.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со директорот на Платежна Агенција, Никица Бачовски, денес ги врачија клучевите за првите четири, од вкупно 25 комбајни со сецкалици за ориз одобрени на последниот јавен повик објавен минатата година, на кои право на учество имаа сите земјоделци кои имаат минимум 1 хектар со ориз.