Денеска, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на сметките на 6,755 сточари исплати над 152 милиони денари за произведено и предадено овчо, кравјо и козјо млеко од втора фаза. Средствата од оваа мерка, се свеж капитал кој треба да им помогне на сточарите, да ја обезбедат потребната количина на храна за презимување на стоката.