Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите земјоделци кои имаат потреба за извршување земјоделски активности за време на Велигденските празници, движењето ќе биде регулирано на ист начин како по претходно утврдените правила:
- Земјоделците коишто имаат работни обврски на своите земјоделски површини на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.