Новости


Денеска Владата на Република Северна Македонија, донесе одлука со која, разговорите со лозарите и винарските визби добија и правна рамка.
 Со тоа се потвдува грижата и брзата реакција на институциите за последиците предизвикани од пандемијата Ковид-19 и од климатските промени кои дирекно влијаеа на квалитетот на грозјето.
 Владата предводена од премиерот Зоран Заев и ресорното министерство (МЗШВ) предводено од министерот Хоџа, покажаа дека се партнери со сите засегнати страни.
Одлуката е следна:
✅4 денари поддршка од Ковид програмата за сите лозари чије грозје ќе се откупи за преработка на производи од вино и вински дестилат.
✅2 денари поддршка од Ковид програмата за цело предадено грозје во винарските визби.
✅останува 2 денари поддршката од програмата за директни плаќања со што освен за сортите Смедеревка и Вранец се проширува и за другото високо сортно грозје
✅20% супституција на транспортот за извоз на наливно вино и 30% за флаширано вино
✅ќе се поддржат сите извезувачи на винско грозје на следен начин: 2 денари за извезено грозје до 12 милиони килограми; 3 денари за извезено грозје од 12 до 25 милиони килограми и 4 денари за над 25 милиони килограми извезено грозје.
Истотака очекуваме од сите винарски визби да се придржуваат на договорените цени од претходните состаноци.
Зборот е збор!


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, денеска одржа работен состанок со бизнисмени од приватниот сектор и истовремено со членови на Стопанската комора на Северна Македонија.
За време на состанокот се дискутираше за актуелната состојба, проблемите и различните предизвици со кои се соочува бизнисот во Република Северна Македонија.
Главна тема на состанокот беше ситуацијата создадена од панемијата КОВИД 19, соодветно проблемите со кои се соочуваат бизнисите како резултат на ситуацијата.
Министерот Хоџа ја изрази својата заложба за соработка помеѓу МЗШВ и деловниот сектор, потенцирајќи дека е максимално посветен да биде во согласност со барањата за решавање проблемите и потешкотиите со кои се соочуваат не само деловните субјекти, туку и другите секторите на економијата, кои вклучуваат активности опфатени со одделот што тој го води.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, оствари средба со претставнички на Телото на Обединети Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women).
На средбата се дискутираше за унапредување на соработката во рамки на програмата за родово одговорно буџетирање која канцеларијата на UN Women ја имплементира во земјата. Претставничките на UN Women потенцираа дека секторот на земјоделството и руралниот развој е област од клучно значење за родовата еднаквост и затоа Министерството преку своите програми и родово сенитивни мерки може значајно да придонесе кон намалување на нееднаквостите кои постојат во земјоделството. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г.Хоџа вети дека МЗШВ ќе биде партнер во постигнување на заедничката цел: Унапредување на родовата еднаквост во Република Северна Македонија преку институционализација на родово одговорно буџетирање во стратешкото планирање на развојот на земјоделството и руралниот развој, креирањето на политиките и буџетските процеси, во согласност со меѓународните и националните обврски, вклучувајќи ја конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жените (CEDAW), целите за одржлив развој (SDGs) и Пекиншката платформа за акција (BPfA).
Исто така, министерот Хоџа ќе се заложува за подобрување на економската и социјалната положба на жените во руралните средини преку зајакнување на ефективноста и влијанието на националните програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, креирање и промовирање на мерки за зголемување на можностите за вработување, како и креирање на мерки за признавање на неплатениот труд на жените во земјоделството и во семејството.


Министерот Хоџа, денеска од Кавадарци извести за новата интервентна мерка која беше договорена на вчерашниот владин економски совет.
Со новата дополнителна интервентна мерка, Владата ќе одвои дополнителни 4 денари за килограм предадено грозје наменето за преработка во вински дестилат и гроздов сок, средства обезбедени од Ковид програмата на Владата.
При тоа, остануват да важат претходно договорените 2 денари за вранецот и смедеревката, кои ќе бидат исплатени од Програмата за директни плаќања и 2 денари субвенција за откупено грозје, средства кои ќе бидат исплатени до крајот на оваа година преку владината Ковид програма.
#МЗШВ продолжува да работи во интерс на сите чинители на секторот, со заедничко залагање на сите засегнати страни. Продолжуваме да градиме партнерски однос во остварување на нашата цел - стабилно, конкурентно и развиено земјоделство.


На денешната средба на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа со амбасадорката на Украина, Н.Е. Наталија Задорожњук, беше потврдена обостраната желба и интерес на двете пријателски земји да ја продлабочат соработката во сферата на земјоделството, особено во делот на трговската размена со земјоделско-прехранбени производи.
Украинскиот пазар е многу значаен за нас, бидејќи има голем потенцијал и можности, кој не се доволно искористени. Зголемен пласман на земјоделско - прехранбени производи на пазарите во двете земји, ќе биде еден од приоритетите во иднина.