Соопштенија


Според официјалните податоци на Државниот завод на статистика на Република Македонија забележан е раст од 5,1% во земјоделството за првиот квартал, во споредба со претходната година. Во првиот квартал од 2018 земјоделство шумарство и водостопанство учествуваат со високи 6,6% во бруто домашниот производ, за разлика од истиот период во 2017 година, кога овој процент изнесувал 1,5.


По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на задругите, денеска во просториите на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство на Република Македонија се одржа конференција на Асоцијацијата на земјоделските задруги под мотото „Одржливо Општество низ Соработка“ , со тема „Одржлива конзумација и производство на добра и услуги“.

МАЗЗ со поддршка и соработка од МЗШВ по


Додека земјоделците протестираа и го блокираа патот, камиони за откуп и чекаа да откупуваат лубеници во Струмица. Очигледно е дека некој ги доведува во заблуда земјоделците, откуп на бостан и денеска се врши во струмичко. Во последните 7 дена се откупени 800 тони лубеница, а само за денес е планира откуп од околу 130 тони лубеница.


Според планот, вкупната површина која ќе биде предмет на јавниот оглас е на 517 хектари и тоа во следните региони во Република Македонија: Берово, Велес, Гостивар, Дебар, Куманово, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Струмица, Штип и Крива Паланка. Периодот на закуп е во времетраење од 15 години.


Тимови од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се постојано на терен и го следат откупот на лубеници, изјави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Министерот Николовски посочи дека дневно се откупуваат по околу 500 тони лубеници, и доколку се процени дека има потреба, Владата ќе преземе соодветни мерки, како што беше случајот со доматите.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици