Љупчо Ангеловски е млад семеен земјоделец во селото Егри, Општина Битола. Доаѓа од семејство со долга традиција во земјоделско производство. Oткако ја преземал водечката улога во семејното земјоделско стопанство, тој ја сфатил важноста на модернизирање на производството и воведување на поодржливи и попродуктивни земјоделски практики кои ќе креираат подобри можности за создавање приходи за неговото семејство. Сепак, како и за поголемиот дел на мали земјоделски стопанства и семејни фарми во Северна Македонија, развојот и продуктивноста на неговото стопанство е под потенцијалот заради прекумерната расцепканост на земјоделското земјиште.