Новости


Зајакнувањето на системите за производство и дистрибуција на храна е клучно за борба против гладот ​​и вклучува поддршка во справување со болести каде и да се појават - кај луѓето, животните, растенијата или животната околина. Коронавирусот (КОВИД-19) е глобална здравствена криза, а ФАО игра улога во следење, проценка и одговор на нејзините потенцијални влијанија врз животот и егзистенцијата на луѓето, глобалната трговија со храна, пазарите, ланците за снабдување со храна и домашните животни.


Со оглед на новите проширени мерки за ограничување на движење за време на викенд деновите од 16:00 часот до 05:00 часот, што ги донесе Владата за заштита на здравјето на граѓаните од коронавирусот, на вчерашната владина седница се допрецизира исклучувањето на дел од земјоделците во однос на забраната за движење.


Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) министерот Трајан Димковски присуствуваше и имаше свое обраќање на настан, Округла маса на тема „Здравјето на растенијата и пчелите како опрашувачи – можат ли заедно?“. Настанот е организиран во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски заедно со министерката за финансии Нина Ангеловска, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, на прес-конференција ги претставија податоците на Државниот завод за статистика за растечкиот тренд на бруто-домашниот производ (БДП), кој во последниот квартал на 2019 година во однос на истиот квартал во 2018 година е повисок за 3,4%, а вкупниот раст за 2019 година изнесува 3,6% што ја надминува проектираната стапка од 3,5%.


Градот Скопје и годинава ќе организира бесплатно собирање на остатоците од берба за да се спречи палењето на стрништата, а со тоа да се заштити воздухот од загадување. И годинава кампањата ќе излезе од административните граници на Скопје и ќе го опфати целиот Скопскиот плански регион, зашто сите жители на котлината го дишат истиот воздух. 



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици