Новости


Денеска во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, се одржа прес-конференција по повод официјалното примопредавање на функцијата- министер за земјоделство, шумарство и водостопанство


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини и градоначалникот на Неготино Тони Делков, реализираа посета на оваа општина, за време на која извшрија увид во активностите кои се спроведуват во рамките на потпроектот „Вински, aпи и еко туризам во Неготино и околината“, дел од Проектот за локална и регионална конкурентност, финансисиран со средства од Владата на Република Северна Македонија, општина Неготино и Делегацијата на Европска Унија, а кој се спроведува во соработа со канцеларијата на Светска банка.


Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, во Кавадарци, оствари средба со градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев,  градоначалникот на Општина Неготино Тони Делков, градоначалникит на Демир Капија Лазар Петров, пратениците Панчо Минов, Даниела Колева и Лолита Ристова како и претставници на здруженија на лозари и дел од лозаропроизводителите од овој регион.


Рокот за поднесување за барања за пријавување за субвенции за Програмата за директни плаќања за 2020 година, истекува на крајот на месецов, односно 31.07.2020 година.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска присуствуваше на онлајн работилницата организирана од Организацијата на храна и земјоделство при ООН (ФАО) , на којашто се разговараше за Проект за климатски промени „Зголемена отпорност на земјоделскиот сектор преку промовирање на пaметни климатски практики во земјоделството”.