Во првите 100 дена од мандатот на новата Влада и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, уште еднаш на дело ја докажавме грижата за секој земјоделец. Преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2022 година, за прв пат одеднаш, распишавме пет јавни повици за поддршка на земјоделците при набавка на трактори, набавка на силоси, изградба на мандри, набавка на опрема за производство на тутун и поддршка за рурална жена.