Државен инспекторат за земјоделство

Во вршењето на работите од својата надлежност, инспекторот е овластен:

 

1. Да врши надзор над спроведувањето и извршувањето на законите и другите прописи од страна на: државните органи; јавните претпријатија; трговските друштва; установите; физичките и правните лица кои вршат дејност од областа на земјоделството;

 

2. Да врши надзор во прометот на: растенијата, производите; средствата и предметите и други работи определени со закон од областа на земјоделството;

 

3. Да врши преглед и контрола на: земјоделското земјиште, земјоделските посеви и насади, на евиденцијата за приплодниот и друг добиток, просториите каде што се врши преработка и доработка на земјоделски производи, опремата со која се врши таа преработка и доработка, процесот на преработка и доработка во сите фази се до финалниот производ, просториите за чување и одржување на земјоделските производи, зелен и сточен пазар, земјоделската техника, деловните простории, деловните книги, договорите, пописните листи како и на другата документација преку која се остварува увид во извршувањето на законите од областа на земјоделството и другите закони од страна на државните органи; јавните претпријатија; трговските друштва; установите; физичките и правните лица кои вршат дејност од областа на земјоделството;

 

4. Да врши надзор над вкупните количини производи од растително потекло, опфатени со сертификатот издаден од овластените правни лица и институциите;

 

5. Да врши преглед и контрола на царинските терминали, во однос на квалитетот на вештачките ѓубрива, добиточната храна, семенски и саден материјал.

 

6. Кога инспекторот ќе оцени дека растенијата, производите и репроматеријалите и друго од делокругот на работата на субјектите од државните органи; јавните претпријатија; трговските друштва; установите; физичките и правните лица кои вршат дејност од областа на земјоделството;  не одговараат на пропишаните услови, пропишаните стандарди и квалитет ќе земе потребен број мостри за анализа согласно со законот и ќе ги достави на овластена установа за анализа.

 

7. Ако при надзорот се констатира дека правното или физичкото лице, пуштило во промет растенија, производи, средства и предмети без соодветна документација, без потекло и со изминат рок, инспекторот е должен привремено да ги одземе растенијата, производите, средствата и предметите употребени за извршување на прекршокот, односно кривичното дело и да ги предаде на надлежниот суд.

 

8. Ако инспекторот утврди дека со сторениот прекршок или кривично дело е остварена противправна имотна корист или настанала штета, должен е во поднесеното барање за прекршочна постапка или кривично дело, да ја наведе висината на таа корист и да бара да се одземе од сторителот или да ја надомести штетата на оштетениот.

 

9. други надлежности.

 

Контакт:

Румен Стаменов        ДИРЕКТОР       3121-462       3121-462