Државна фитосанитарна лабораторија

Мисија

 

ДФЛ обезбедува напредни и квалитетни лабораториски услуги за потребите на целокупниот земјоделски сектор, во делот на контрола на штетни организми, контрола на квалитетот на семенскиот и садниот материјал, контрола на фитофармацевските производи, контрола на резидуите од пестициди и сето тоа во функција на производство на безбедна храна.

 

Услуги кои се бараат и добиваат од државната фитосанитарна лабораторија

 

1) Утврдување на здравствена состојба на растенија и дијагностика на нематоди, инсекти, габи, бактерии, вируси и фитоплазми на донесен примерок од: 
- семенски и меркантилен компир
- овошни видови и винова лоза 
- градинарски култури на отворено и во затворен простор
- тутун и други индустриски растенија
- житни растенија
- фуражни растенија
- маслодадајни растенија

2) Испитување на квалитет на семенски и саден материјал и издавање сертификат за квалитет 
- ртност на семе (%)
- аналитичка чистота на семе (%)
- хигр. влага (%)
- маса на 1000 зрна (gr)
3) Анализа на квалитет на производи за заштита на растенијата

4) Детекција и квантификација на остатоци од пестициди во храна од растително потекло со мултирезидуален QueChERS метод
5) Детекција и квантификација на остатоци од поларни пестициди во храна од растително потекло (singl метод)

 

Специфичност на ДФЛ

 

ДФЛ како орган во состав на МЗШВ извршува специфични дијагностички испитувања за утврдување на здравјето на растенијата, лабораториски анализи за квалитетот на семенскиот и саден материјал и хемиски тестирања на квалитетот на фитофармацевските производи кои се користат во земјоделскиот сектор, како и контрола на содржината на резидуи од пестициди.  Дијагностиката и аналитиката во сите одделенија на лабораторијата се изведува согласно усвоени европски и меѓународни дијагностички ISO, OIV, ISTA, CIPAC методи и EPPO протоколи за работа во соодветната област, од кои осумнаесет се акредитирани. Своите услуги ДФЛ ги обезбедува за потребите на МЗШВ, субјектите во фитосанитарниот систем, компании во приватна сопственост (со основна дејност производство,откуп, дистрибуција и ставање во трговија) и целокупниот земјоделски сектор.

ДФЛ реализира блиска соработка со Управата за семе и саден материјал (УССМ) преку учество во сертификација на семенскиот материјал и издавање на сертификати за испитан квалитет согласно Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија („Службен весник на Република Македонија“ бр.39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13 и 187/13) и членство во работни групи за изработка на законски и подзаконски акти. Изготвените мониторинг програми (МП) од Фитосанитарната управа (ФУ) се реализираат во соработка со Државен инспекторат за земјоделство (ДИЗ), каде ДФЛ е имплементатор  извршувајќи лабораториски анализи според акредитирани методи. ДФЛ издава извештаи и сертификати со наод, предмет на барањето за анализа. ДФЛ ја надополнува дејноста на УССМ и ФУ, придржувајќи се притоа кон нивната политика за квалитет и подготвува извештаи за Владата на РМ според кои се одредува и безбедноста на произведените примарни замјоделски производи и нивни преработки.

ДФЛ е важна алка во синџирот на одредување здравје на растенија и заштита од болести и штетници, задача и обврска на МЗШВ која ја врши согласно Законот за организација и работа на органите на државната управа („Сл. весник на Р. Македонија“ бр. 58/2000, 44/2002, 82/2008, 167/10 и 51/11).

ДФЛ како акредитирана лабораторија согласно МКС ISO/IEC 17025:2006 со вкупно 18 акредитирани методи, е препознаена како реализатор на мониторинг програмата за контрола на резидуи од пестициди во храна од растително потекло од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Факултет за ветеринарна медицина – Скопје (ФВМС), приватни компании, откупувачи и дистрибутери.

Како единствена лабораторија со акредитирана метода, ДФЛ ја олеснува контролата за домашните производители и оние извозно ориентирани.

 

Надлежности

 

Надлежностите на Државната фитосанитарна лабораторија се определени согласно член 78 од Законот за здравје на растенија („Сл.Весник на РМ“ бр.29/05). Директор на ДФЛ е проф. д-р Сузана Кратовалиева. Лабораторијата е организирана во четири одделенија:

 

- Одделение за административно техничка поддршка

 

- Работи од административен и техничко-оперативен карактер во врска со активностите на ДФЛ,
- Комуникација и координација помеѓу ДФЛ и Фитосанитарната Управа, Управата за семе и саден материјал како и помеѓу други соодветни органи и институции.
- Изготвување информации за инспекциите во врска со задолжителни и опциони следења и мониторинг програми,
- Учествува во изготвување на буџетска проценка на потребите на ДФЛ и
- Планира програми за обука на персоналот и е задолжена за меѓународната комуникација на ДФЛ.

 

 

 

- Одделение за хемиски испитувања

 

Активностите на Одделението за хемиски испитувања се реализираат во лабораторијата за контрола на квалитетот на производите за заштита на растенија и одредување резидуи од пестициди во примарното земјоделско производство.

Статутарните надлежности на Одделението за хемиски испитувања се определени согласно барањата на ЕУ Директивата 91/414 и ЕУ Директивата

788-2012 и вклучуваат:

- испитување на содржината на активната супстанца во производите за заштита на растенија

- испитување на физичко-хемиските својства во производите за заштита на растенија,

- определување на нечистотии во производите за заштита на растенија,

- определување резидуи од пестициди во храна од растително потекло.

 

- Одделение за дијагностика

 

Одделението за дијагностика се состои од шест лаборатории:

- Лабораторија за вирологија,

- Лабораторија за бактериологија

- Лабораторија за микологија,

- Лабораторија за молекуларна дијагностика,

- Лабораторија за нематологија,

- Лабораторија за ентомологија.

 

Статутарните надлежности на Одделението за дијагностика се лабораториски испитувања согласно усвоени меѓународни и EPPO протоколи за идентификација и дијагностика на: вируси, бактерии, габи, фитоплазми, нематоди и инсекти, вклучувајќи ги карантинските и регулираните некарантински економски штетни организми кај растенијата.

 

- Одделение за испитување на семе и саден материјал

 

Работата во одделението за семе е организирана во две лаборатории:

- Лабораторија за испитување на 'ртливост на семе

- Лабораторија за испитување на влага и чистота на семе.

 

Статутарните надлежности на одделението за испитување на семе и саден материјал се анализа на квалитетот на семето и се состои од три основни испитувања: влага, 'ртливост и чистота.

 

Акредитација на ДФЛ

Акредитирани се вкупно 18 методи од кои 4 во Одделението за хемиски испитувања, 10 во Одделението за дијагностика и 4 во Одделението за семе и саден материјал. Методата за анализа на активна супстанца во фитофармацевтски производи е акредитирана со флексибилен опсег, а останатите методи се со фиксен опсег на акредитација. На последната надзорна посета од страна на ИАРМ, ДФЛ е оценета како лабораторија во постојан развоен процес во подобрувањето на системот за управување со квалитет и имплементирањето на нови напредни методи во сите области на дијагностицирање, со што бројката на акредитирани методи се зголемува постојано:

 

1)    CIPAC 637 Thiamethoxam HPLC метод (2012) - CIPAC стандардна метода за определување на содржината на активната супстанца Thiamethoxam во производи за заштита на растенија
2)    CIPAC 595 Flazasulfuron HPLC метод (2012) претходно  CIPAC/4831 метод -CIPAC стандардна метода за определување на содржината на активната супстанца Flazasulfuron во производи за заштита на растенија
3)    МКС EN 15662:2011 2011-03-30–Определување остатоци од пестициди со помош на LC-MS/MS проследено со екстракција/оделување на ацетонитрил и прочистување со дисперзивен SPE-QuEChERS метод
4)    CIPAC методи за анализа на технички и формулирани пестициди– Определување на содржината на активна супстанца; идентификација на релевантни нечистотии и деградациони супстанци; определување и квантифицирање на релевантни нечистотии и деградациони супстанци, во фитофармацевтски производи, со употреба на високоефикасна течна хроматографија HPLC/DAD
5)    ЕPPO стандард  PM 7/113 (1), 2012 DAS-ELISA методa за докажување на  Pepino mosaic potexvirus (PepMV)
6)    EPPO стандард PM 3/21 (1), 1998 DAS-ELISA методa за докажување на Potato virus Y (PVY)
7)    EPPO стандард PM 7/32, 2003 DAS-ELISA методa за докажување на Plum pox potyvirus (PPV)
8)    EPPO стандард PM 7/2 (1), 2000 DAS-ELISA методa за докажување на Tobacco ringspot nepovirus (TRSV)
9)    EPPO стандард PM 7/49, 2004 DAS-ELISA методa за докажување на Tomato ringspot nepovirus (ToRSV)
10)    EPPO стандард PM 7/50, 2004 TAS-ELISA методa за докажување на Tomato yellow leaf curl begomovirus (TYLCV)
11) EPPO стандард CD 2006/63/EC, 2006 Имунофлуоресцентен тест (ИФ тест) за докажување на бактеријата Ralstonia solanacearum
12)    EPPO стандард CD 2006/56/EC, 2006 Имунофлуоресцентен тест (ИФ тест) за докажување на бактеријата Clavibacter michiganensis ssp. sepedonicus
13)     EPPO Стандард PM 7/79, 2005, CTAB процедура за екстракција на нуклеински киселини (Boudon-Padieu et al., 2003) и Директен генерички PCR следен со Nested генерички PCR следен со RFLP, за докажување на фитоплазмата Grapevine Flavescence dorée phytoplasmа (FD)
14)    2 Mетоди за екстракција на нематоди од почва 2б Метод со памучен филтер (Oostenbrink, 1960 & Townshend, 1963), Прирачник за практична работа во нематологија од J.J s’ Jacoband J. van Bezooijen revised (1984) Edition J.J s’ Jacoband J. van Bezooijen ревидирано (1984) издание
15)    Правилник за начин на работа, просторната и техничката опременост на овластените лаборатории и методи за испитување на квалитетот на семенскиот материјал кај земјоделските растенија („Сл.весник на Р. Македонија“ бр.61/ 2007 година) Прилог 1. Методи за испитување на квалитетот на семето, стр. 13-30, 3. Испитување чистотата на семето 4. Одредување (детерминација) на други видови семиња во чистото семе
16)    Правилник за начин на работа, просторната и техничката опременост на овластените лаборатории и методи за испитување на квалитетот на семенскиот материјал кај земјоделските растенија („Сл.весник на Р. Македонија“ бр.61/ 2007 година) Прилог 1. Методи за испитување на квалитетот на семето, стр. 30-43, 5. Испитување на ‘ртност на семето
17)    Правилник за начин на работа, просторната и техничката опременост на овластените лаборатории и методи за испитување на квалитетот на семенскиот материјал кај земјоделските растенија („Сл.весник на Р. Македонија“ бр.61/ 2007 година) Прилог 1. Методи за испитување на квалитетот на семето, стр. 51-54, 7. Испитувања на влагата во семето I. Одредување на влагата во семето според методата печка со константна темепература

18)    Правилник за начин на работа, просторната и техничката опременост на овластените лаборатории и методи за испитување на квалитетот на семенскиот материјал кај земјоделските растенија („Сл.весник на Р. Македонија“ бр.61/ 2007 година) Прилог 1. Методи за испитување на квалитетот на семето, стр. 54-55, 8. Испитување на маса од 1000 зрна семе.

 

 

Адреса:

Државна Фитосанитарна лабораторија

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ

Александар Македонски бб

1000 Скопје

 

Контакт:

 

Тел   (+389) 02 3290638

Факс (+389) 02 3290843

Пoштански број: 1130

П. фах: 18

 

Директор

 

Проф. д-р Сузана Кратовалиева

е-mail: s.kratovalieva@mzsv.gov.mk

suzanakratovalieva@gmail.com

 

Прилог кон сертификатот за акредитација на лабораторија за тестирање

Одлука за висината на надоместокот за вршење на лабораториски анализи и тестови

Уплатна сметка на ДФЛ