Прашање: Кои национални политики (стратегии, закони, програми) беа усвоени во текот на 2021 година во секторот земјоделство и рурален развој?
Одговор: Во текот на 2021 година во секторот за земјоделство и рурален развој се донесоа следните програмски документи:
- Национална стратегија за земјоделството и руралниот развој за периодот 2021-2027 година („Службен весник на РС Македонија“ бр. 16/2021) од 20.01.2021;
- Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година („Службен весник на РС Македонија“ бр. 12/21) од 18.01.2021;
- Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година („Службен весник на РС Македонија“ бр. 12/21) од 18.01.2021;
- Програма за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2021 година („Службен весник на РС Македонија“ бр. 90/21) од 23.04.2021;
- Закон за финансиска подршка за намалување на последиците предизвикани од корона вирусот COVID-19 врз производство и откуп на земјоделски производи („Службен весник на РС Македонија“ бр. 297/21).
Прашање: Кои национални политики (стратегии, закони, програми) беа изменети и дополнети во текот на 2021 година во секторот земјоделство и рурален развој?
Одговор: Во текот на 2021 година во секторот за земјоделство и рурален развој беа изменети и дополнети следните програмски документи:
- Закон за дополнување на законот за земјоделство и рурален развој (Службен весник на РС Македонија бр. 110/21);
- Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година („Службен весник на РС Македонија“ бр. 12/21, 31/21, 53/21, 79/21, 92/21, 121/21, 166/21, 175/21, 261/21, 277/21 и 292/21);
- Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година („Службен весник на РС Македонија“ бр. 12/21, 31/21, 92/21, 175/21, 276/21 и 292/21) и
- Модификација на ИПАРД Програмата 2014-2020, која е од финансиска природа, а со цел намалување на можноста за губење на средства;
- Закон за дополнување на законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од КОВИД-19 врз производството, откупот на грозје и винската индустрија („Службен весник на РС Македонија“ бр. 103/21 и 293/21);
- Закон за дополнување на законот за земјоделското земјиште („Службен весник на РС Македонија“ бр. 178/21);
- Закон за изменување на законот за органско земјоделско производство („Службен весник на РС Македонија“ бр. 150/21);
- Закон за изменување на законот за сточарството („Службен весник на РС Македонија“ бр. 122/21);
- Закон за изменување и дополнување на законот за консолидација на земјоделско земјиште („Службен весник на РС Македонија“ бр. 122/21);
- Закон за изменување и дополнување на законот за тутун, производи од тутун и сродни производи („Службен весник на РС Македонија“ бр. 56/21);
- Закон за изменување на законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на РС Македонија“ бр. 150/21).
Прашање: Дали и на кој начин, во текот на 2021 година, во работата на Секторската работна група за земјоделство и рурален развој биле вклучени координатори/ки или заменик координаторките за еднакви можности и/или надворешни експерти кои работат на унапредување на родовата еднаквост?
Одговор: Координаторот за еднакви можности во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е член и на Секторската работна група за земјоделство и рурален развој.
Прашање: Дали Секторската работна група за земјоделство и рурален развој во текот на 2021 година има изготвено акциски документ за некоја од акциските програми на ИПА III каде е вклучлена родовата перспектива? Дали при изготвувањето на акцискиот документ биле изработени или користени родови анализи? Доколку одговорот на овие прашања е потврден, доставете ни ги како одговор на ова барање.
Одговор: Во текот на 2021 година, Телото за управување со ИПАРД ја изготвуваше нацрт верзијата на ИПАРД Програмата 2021-2027. При програмирањето на одредени мерки од програмата, во процесот на селекција на проекти, дефинирани се приоритети за баратели жени со доделување на дополнителни бодови.
Прашање: Како Зелената агенда влијае врз шумарскиот сектор во нашава држава, улогата на шумарството во руралниот развој вработувања (green jobs), борбата на шумарството со загадувањето (може некои климатски извештаи), биоекономијата и шумарството (биопроизводи), прераснувањето на шумарството од традиционален сектор (кој не бил многу иновативен) во преспективен сектор, колку видови шумски култури во глобала се идентификувани во Македонија, пошумувањето во Македонија т.е дали постои некој фонд или финансиски инструмент, од какво значење е паметната специјализација за шумарството и сл.
Одговор: Во тек е постапка за трансформација на шумарскиот сектор во Република Северна Македонија, со цел давање на преспективност на секторот. Шумските култури по 20 години преминуваат во шуми. Во државата се подигнати околу 20.000ха воглавно од бел бор, црн бор, чемпрес и багрем. Пошумувањето во нашата држава се изведува на два начина:
1. Преку Програмата за проширена репродукција која се изработува секоја година. Во програмата за проширена репродукција покрај други активности се поддржуваат и пошумувањата голини и
2. Врз основа на претходно одобрени Плански документи за стопанисување со шумите. Преку посебните планови секоја година субјектите кои стопанисуваат со шумите во државна сопственост имаат обврска да пошумат голини кои се предвидени по планот.
Програмата за проширена репродукција на шумите можете да ја најдете во бесплатните изданија од службен весник на следната веб страна www.slvesnik.com.mk.