Директор - Васе Анакиев

Електронска пошта: vase.anakiev@diz.gov.mk


Во вршењето на работите од својата надлежност, инспекторот е овластен:

1. Да врши надзор над спроведувањето и извршувањето на законите и другите прописи од страна на: државните органи; јавните претпријатија; трговските друштва; установите; физичките и правните лица кои вршат дејност од областа на земјоделството;

2. Да врши надзор во прометот на: растенијата, производите; средствата и предметите и други работи определени со закон од областа на земјоделството;

3. Да врши преглед и контрола на: земјоделското земјиште, земјоделските посеви и насади, на евиденцијата за приплодниот и друг добиток, просториите каде што се врши преработка и доработка на земјоделски производи, опремата со која се врши таа преработка и доработка, процесот на преработка и доработка во сите фази се до финалниот производ, просториите за чување и одржување на земјоделските производи, зелен и сточен пазар, земјоделската техника, деловните простории, деловните книги, договорите, пописните листи како и на другата документација преку која се остварува увид во извршувањето на законите од областа на земјоделството и другите закони од страна на државните органи; јавните претпријатија; трговските друштва; установите; физичките и правните лица кои вршат дејност од областа на земјоделството;

4. Да врши надзор над вкупните количини производи од растително потекло, опфатени со сертификатот издаден од овластените правни лица и институциите;

5. Да врши преглед и контрола на царинските терминали, во однос на квалитетот на вештачките ѓубрива, добиточната храна, семенски и саден материјал.

6. Кога инспекторот ќе оцени дека растенијата, производите и репроматеријалите и друго од делокругот на работата на субјектите од државните органи; јавните претпријатија; трговските друштва; установите; физичките и правните лица кои вршат дејност од областа на земјоделството;  не одговараат на пропишаните услови, пропишаните стандарди и квалитет ќе земе потребен број мостри за анализа согласно со законот и ќе ги достави на овластена установа за анализа.

7. Ако при надзорот се констатира дека правното или физичкото лице, пуштило во промет растенија, производи, средства и предмети без соодветна документација, без потекло и со изминат рок, инспекторот е должен привремено да ги одземе растенијата, производите, средствата и предметите употребени за извршување на прекршокот, односно кривичното дело и да ги предаде на надлежниот суд.

8. Ако инспекторот утврди дека со сторениот прекршок или кривично дело е остварена противправна имотна корист или настанала штета, должен е во поднесеното барање за прекршочна постапка или кривично дело, да ја наведе висината на таа корист и да бара да се одземе од сторителот или да ја надомести штетата на оштетениот.

9. други надлежности.

 

 

За EXIM корисници

Со EXIM системот се овозможува електронски да се поднесе барање за издавање на дозволи за увоз од страна на економски оператор до Државниот инспекторат за земјоделство и електронско издавање на дозволите од страна на Државниот инспекторат за земјоделство.

Со исполнување на условите и правилата за регистрација кои се поместени на веб страната www.exim.gov.mk (линк до почетната страница на EXIM ), економските оператори можат електронски преку истиот линк да поднесат барање за дозволите кои се во надлежност на Државниот инспекторат за земјоделство.“

 

Дозволи кои се во надлежност на Државниот инспекторат за земјоделство

 

Р.Б Шифра Име на дозвола Документи потребни за издавање на дозволата Постапка Износ на АТ ( во денари) Други надоместоци ДН (да/не) Рок на одговор (во денови) Рок на важност (во денови) Забелешка
1 I005 Потврда за извршен органолептички преглед и земени мостри дозвола I005 увоз 100 да 15 30 еднократна дозвола
2 I009 Влезен документ за репродуктивни животни и приплоден материјал дозвола I009 увоз 100 да 15 30 еднократна дозвола


Регулатива за примена на EXIM

a.    Закон за Државен инспекторат за земјоделство - Превземи
b.    Упатство за користење на EXIM систем за лиценца I005 за оператори - Превземи

c.    Упатство за користење на EXIM систем за лиценца I009 за оператори - Превземи

d.    Упатство за уплата на административни такси - Превземи
e.    Упатство за уплата на дополнителни надоместоци - Превземи

 

Обрасци за поднесување на барања за дозвола во хартиена процедура

a.    Барање за лиценца I005 - Превземи
b.    Барање за лиценца I009

 

Статистика

a.    Квартален извештај за период октомври - декември 2012 - Превземи

б.    Квартален извештај за период јануари - март 2013 - Превземи

в.    Квартален извештај за период април - јуни 2013 - Превземи

г.     Квартален извештај за период јули - септември 2013 - Превземи

д.    Квартален извештај за период октомври - декември 2013 - Превземи

ѓ.    Квартален извештај за период јануари - март 2014 - Превземи

е.    Квартален извештај за период април - јуни 2014 - Превземи

ж.   Квартален извештај за период јули - септември 2014 - Превземи

з.    Квартален извештај за период октомври - декември 2014 - Превземи

ѕ.    Квартален извештај за период јануари - март 2015 - Превземи

и.    Квартален извештај за период април - јуни 2015 - Превземи

 

Со цел унапредување на функционалностите на ЕХИМ системот, согласно предвидената Активност од Акциониот план за реализација на препораките од Анализата на ЕХИМ и процесот на плаќање, Ве известуваме дека со одбирање на дадениот/овој документ овозможен ви е преглед на сите законски и подзаконски акти кои се поврзани со процесот на издавање на лиценците во надлежност на Државниот инспекторат за земјоделство, при постапките за увоз на пратки, а кои се издаваат на централно ниво во канцелариите на Државниот инспекторат за земјоделство, согласно погоре дадените упатства.

 

Корисничка поддршка
Административна поддршка

Контакт телефон: 02 3121 462
Нада Најдовска, nade.najdovska@mzsv.gov.mk 070403995
Техничка поддршка
Фросина Тончевска, frosina.toncevska@mzsv.gov.mk