Управа за семе и саден материјал

Директор: Љутви Акики

е-маил: ljutvi.akiki@mzsv.gov.mk

Тел: 071 363 094

Управата за семе и саден материјал (УССМ) е орган во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) одговорна за креирање на националната политика и законодавство во областа на семенски и саден материјал. Со Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија″ бр.58/2000) е формира УССМ, кој е раководена од директор  назначен од Владата на Република Северна Македонија.

    Во моментов е надлежна за два закони и 40 подзаконски акти кои произлегуваат од нив:

-    Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија („Службен весник на Република Македонија″ бр.39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14, 129/15, 39/16, 71/16, 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/21)  и

-    Законот за селекционерски права („Службен весник на Република Македонија бр. 52/09 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/21).

 

УССМ согласно националното законодавство е надлежна да:

- Креира и предлага политики од областа на семенскиот и садниот материјал;

- Изработува и предлага подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и Законот за селекционерски права и нивно усогласување со законодавството на Европската Унија;

- Регистрира правни лица – снабдувачи за производство, подготовка за пазар, трговија и увоз-извоз на семенски и саден материјал на земјоделски растенија и електронски го води регистарот;

- Организира производство и сертифицикација на семенски и саден материјал преку издавање на конечни сертификат и официјални етикети за сертифициран семенски и саден материјал од земјоделски растенија;

- Води евиденција на пријавени посеани површини со семенски материјал од житни растенија фуражни, градинарски, маслодајни, влакнодајни растенија, репа, компир, тутун, украсни растенија и расад од градинарски растенија и насадени површини со саден материјал од овошни растенија и винова лоза;

- Организира постконтрола на семенски материјал кој е пуштен во трговија кај овластени лица за постконтрола на семе;

- Спроведува постапка за признавање и запишување на сорти во Национална сортна листа и нивно објавување во Службен весник на Република Северна Македонија;

- Продолжување за запишување на сорти од земјоделски растенија во Национална сортна листа и бришење на сорти од земјоделски растенија од Национална сортна листа

- Донесува решение за доделување на селекционерско право по поднесена пријава од страна на селекционер и доставените резултати за сортата;

- Организира чување и одржување на семенски и саден материјал во Ген Банките;

- Спроведува контрола над работата на овластените правни лица и овластените лаборатории во делот на спроведување на активностите за што добиле овластување од страна на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство 

- Изработка на решение за исплата на реализирани активности од јавни овластувања и членство во Македонија во меѓународни организаци  UPOV и ECPGR;

- УССМ ја застапува Република Северна Македонија пред меѓународните органи и организации од областа на семето и садниот материјал (UPOV, ECPGR).

УССМ има 2 (два) сектори:

- Сектор за производство, сертификација, контрола и пост контрола на семенски и саден материјал

- Сектор за признавање, одобрување и заштита на сорти

 

1. Сектор за производство, сертификација, контрола и пост контрола на семенски и саден материјал ја спроведува постапката за запишување на правни лица во регистарот на снабдувачи на семенски и саден материјал од областа на производство, подготовка за трговија, увоз-извоз и трговија на семенски и саден материјал од земјоделски растенија. Овој регистар на снабдувачи се води електронски во УССМ. Секторот го организира производството на сертифициран семенски и саден материјал од земјоделски растенија и издава конечен сертификат и официјални етикети за сертифициран семенски и саден материјал, како и евиденција на пријавените површини и количините на произведен сертифициран семенски и саден материјал.  Исто така ја организира постапката за постконтрола на семе во опитни полиња на партии на семе произведен во Република Северна Македонија и увезени партии на семе за понатамошно размножување во нашата држава.

 

2. Сектор за признавање, одобрување и заштита на сорти го организира признавањето на сорти од семенски и саден материја и ја спроведува постапката за запишување на сорти во национална сортна листа и ја ажурира националната сортна листа. Секторот го доделува селекционерското право согласно законот и подзаконските акти за пријавување, доделување, поништување и продолжување на селекционерско право. Исто така ја организира постапката за  чување и одржување на референтни примероци на семенски и саден материјал во ген банка и функионирање на ген банките.

 


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици