Директор: Игор Чоневски

е-маил: 

мобилен: +38970219996

Фитосанитарната управа е орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одговорен за креирање на политиките и законската рамка од областа на здравјето на растенијата, производите за заштита на растенијата и ѓубривата, биостимулаторите и подобрувачите на својствата на почвата. Фитосанитарната управа е одговорна и за спроведување на меѓународните конвенции, спогодби и договори од областа на фитосанитарнатра политика кои ги ратификувала Република Северна Македонија, проширување и одржување на Фитосанитарниот информациси систем.

Фитосанитарната управа има за цел да обезбеди одржлива национална рамка за креирање на политика за заштита од појава на штетни организми и болести кај растенијата и растителните производи, како и да се минимизираат негативните ефекти од истите, да се обезбеди одржлива употреба на производите за заштита на растенијата и ѓубривата, биостимулаторите и подобрувачите на својствата на почвата. Оттука, поставување и спроведување на ефикасни политики и законодавство во областа на фитосанитарната политика за зголемување на конкурентност и реструктурирање на областа,  усогласување на националното законодавство со законската регулатива на ЕУ и создавање/градење/зајакнување на институционалниот и административен капацитет за спроведување на политика во областа се основните начела за работа на Фитосанитарната Управа.

Задачи и обврски на Фитосанитарната управа

- изготвување на законска рамка усогласена со релевантното ЕУ законодавство од фитосанитарната област односно во областа на здравје на растенија и производите за заштита на растенијата, вклучително и ѓубривата, биостимулаторите и подобрувачите на својствата на почвата,

- подготвување на годишни мониторинг програми од областа на здравјето на растенијата, производите за заштита на растенијата и резидуи од производи за заштита на растенијата во примарните земјоделски производи и ѓубриња, биостимулаторите и подобрувачите на својствата на почвата;

- давање на јавни овластувања и услуги од областа на здравјето на растенијата на научно-истражувачки институции за вршење на задачи кои произлегуваат од Законот за здравјето на растенијата;

- реализација на системот за пасоши на растенијата кај земјоделски и шумски видови посадочен материјал произведен во регистрираните расадници;

- ажурирање на статусот на здравје на растенија на територијата на РС Македонија

- одржлива употреба на производите за заштита на растенијата

- водење на регистри, евиденција и листи пропишани со законите од фитосанитарната област;

- регистрација, одобрување и пререгистрација на производи за заштита на растенијата;

- регистрација и одобрување на ѓубриња, биостимулаторите и подобрувачите на својствата на почвата и друго.

 

Фитосанитарната управа работи согласно следните закони:

- Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14, 158/14, 149/15, 39/16, 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/21), Законот за фитофармација (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.302/20), и

- Законот за квалитет и безбедност на ѓубриња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата („Службен весник на Република Македонија" бр. 27/14,154/15, 39/16, и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 150/21).

Исто така, секоја година Фитосанитарната управа ги донесуваат:

- Програмата за фитосанитарна политика, и

-  Програма за мониторинг на ѓубрива, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата

Фитосанитарната управа се состои од 3 (три сектори), и тоа:

Сектор за здравје на растенија- надлежен за следење на појавата од штетни организми кај земјоделките култури и шумските растенија на територијата на РСМ, орган за координација и размена на информации меѓу државните органи и тела областа на здравјето на растенијата.  Исто така, одговорен орган за спроведување на меѓународните конвенции, спогодби и договори од областа на здравјето на растенијата кои ги ратификувала РСМ.

Сектор за агрохемија- надлежен за спроведување на стручни и управни постапки од областа на фитофармацевстки производи, ѓубриња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата како и за спроведување на стручни работи за водење на постапки на безбедност на храна кај примарни производители. Секторот е надлежна единица за спроведување на активности во областа на хемија и применета хемија. 

Сектор за фитосанитарна регулатива и менаџмент- координирање на активностите за фитосанитарна регулатива на ниво на фитосанитарниот систем, ги следи европските законските прописи од областа на производите за заштита на растенијата, ѓубрињата и заштитата на здравјето на растенијата и нивната усогласеност со ЕУ, учествува во работата на телата на Владата кога за тоа е овластен, предлага и ја координира работата за изготвување и реализација на фитосанитарната програма, проекти, како и мониторинг програмите кои се во надлежност на Фитосанитарната управа, одговорен е за воспоставување и управување со Фитосанитарниот информативен систем, ги координира работите поврзани со регистрите во надлежност на Фитосанитарната управа, дава совети за управни правни работи на ниво на управата, особено на управна постапка од прв степен, подготвува мислења за базата на податоци за фитосанитарната политика, врши преводи на материјали и на подготвени мислења за законските прописи од областа на фитосанитарна политика, како и други активности кои се потребни и поврзани со фитосанитарните политики и фитосанитарниот систем.

За EXIM корисници

Со EXIM системот се овозможува електронски да се поднесе барање за издавање на дозволи за увоз од страна на економски оператор до Фитосанитарната управа и електронско издавање на дозволите од страна на Фитосанитарна управа. Со исполнување на условите и правилата за регистрација кои се поместени на веб страната www.exim.gov.mk (линк до почетната страница на EXIM), економските оператори можат електронски преку истиот линк да поднесат барање за дозволите кои се во надлежност на Фитосанитарна управа.

 

Фитосанитарна управа ја издава следната дозвола:

 

Р.Б Шифра Име на дозвола Постапка Износ на АТ ( во денари) Други надоместоци ДН (да/не) Рок на одговор (во денови) Рок на важност (во денови) Забелешка
1 I002 Барање за издавање на одобрение за увоз на производи за заштита на растенијата увоз 1000 не 15 60 нема

 

Регулатива за примена на EXIM

a.    Закон за Производи за заштита на растенија
b.    Одлука за распоредување на стоките на форми на увоз и извоз
c.    Упатство за користење на EXIM систем за оператори – Превземи
d.    Упатство за уплата на административни такси - Превземи

 

Обрасци за поднесување на барања за дозвола во хартиена процедура

a.    Барање за лиценца I002 - Превземи

 

Статистика

a.    Квартален извештај за период октомври - декември 2012 - Превземи

б.    Квартален извештај за период јануари - март 2013 - Превземи

в.    Квартален извештај за период април - јуни 2013 - Превземи

 

 

Корисничка поддршка

Административна поддршка
Александар Диље, aleksandar.dilje@mzsv.gov.mk
Техничка поддршка
Фросина Тончевска, frosina.toncevska@mzsv.gov.mk