Министерот Арјанит Хоџа се придружи на солидарниот собир на производители на јаболка во Ресен

04.09.2020 23:10:00


Вечерва, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски, се придружи на солидарниот собир на одгледувачите на јаболка во Преспа.

Министерот изјави дека барања на производителите се скромни, и со позитивна волја од откупувачите, тој е убеден дека ќе се постигне модел каде сите страни ќе бидат задоволни. Министерот Хоџа им вети дека ќе се залага со целиот потенцијал во Министерството за изнаоѓање решение, со кое напорна работа и посветеност на земјоделците ќе бидат вреднувана.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици