Министерот Хоџа, денеска од Кавадарци извести за новата интервентна мерка која беше договорена на вчерашниот владин економски совет

19.09.2020 15:00:00


Министерот Хоџа, денеска од Кавадарци извести за новата интервентна мерка која беше договорена на вчерашниот владин економски совет.
Со новата дополнителна интервентна мерка, Владата ќе одвои дополнителни 4 денари за килограм предадено грозје наменето за преработка во вински дестилат и гроздов сок, средства обезбедени од Ковид програмата на Владата.
При тоа, остануват да важат претходно договорените 2 денари за вранецот и смедеревката, кои ќе бидат исплатени од Програмата за директни плаќања и 2 денари субвенција за откупено грозје, средства кои ќе бидат исплатени до крајот на оваа година преку владината Ковид програма.
#МЗШВ продолжува да работи во интерс на сите чинители на секторот, со заедничко залагање на сите засегнати страни. Продолжуваме да градиме партнерски однос во остварување на нашата цел - стабилно, конкурентно и развиено земјоделство.

Share