Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа оствари средба со амбасадорот на Унгарија, Неговата Екселенција Ласло Дукс на која разговараа за можностите и потенцијалот за соработка во областа на земјоделството, кое е еден од најважните сектори во економијата на двете земји.
Амбасадорот Дукс истакна дека Унгарија како пријателска земја на Република Северна Македонија, е заинтересирана да ја поддржи земјата во сите аспекти на евроинтеграцискиот процес, преку свои експерти кои би помогнале во прилагодувањето на легислативата со ЕУ и во јакнењето на институциите. Истовремено, се разговараше за можностите за јакнење на економската соработка меѓу двете земји, преку спроведување заеднички инвестициски проекти и поврзување на унгарските и македонски компании за поголема трговска размена со земјоделски и прехранбени производи.
Министерот Хоџа изрази благодарност за поддршката на образовните и научни институции на двете земји и за Програмата на Владата на Унгарија за доделување стипендии за македонските студенти на меѓународните универзитети за земјоделски науки, безбедност на храна и рурален развој во Унгарија.