Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа денеска беше во посета на Општина Долнени каде што соопшти дека за прв пат, жителите на оваа општина ќе добијат Подрачна единица на МЗШВ.
“Повеќе од 6000 земјоделци отсега нема да мора да патуваат до 30 км оддалеченост во други подрачни единици за било каква документација или информација. Наша задача е да сме тука секогаш кога сме им потребни на земјоделците, заедно со градоначалникот ќе се потрудиме и во иднина да одговориме на сите ваши барања “- изјави министерот Хоџа.
Министерот Хоџа упати благодарност кон градоначалникот на општина Долнени, Џемил Ќамили за поддршката и за помошта во озбедување на простории за Подрачната единица.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е партнер на земјоделците и ќе продолжи така и понатаму.