Целта на проектот е да се подобри ефикасноста на Националниот систем за заштита на растенијата, обезбедување на правилна имплементација на националните политика и законодавство во согласност со законодавството на Унијата во Северна Македонија
Корисници на проектот се Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство - Фитосанитарната управа, Управата за семе и саден материјал, Државна фитосанитарна лабораторија и Државен инспекторат за земјоделство, а истиот ќе го спроведува конзорциум од :
- Министерство за политики од областа на земјоделство, храна и шумарство (MiPAAF) на Италија (водечки партнер),
- Информест, Италија (овластено мандатно тело за проектот), и
- Министерство за рурален развој и храна (MRDF) на Грција (јуниор партнер)