ИЗВЕСТУВАЊЕ за кандидатите кои беа пријавени до 04 октомври 2021 година за одржување на обука и полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун и СООПШТЕНИЕ за пријавување на кандидати за полагање на испит за добивање на лиценца за проценител на тутун

15.02.2022 15:50:00


И З В Е С Т У В А Њ Е

за кандидатите кои беа пријавени до 04 октомври 2021 година за одржување на обука и полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун  и    

С О О П Ш Т Е Н И Е

за пријавување на кандидати за полагање на испит за добивање на лиценца за проценител на тутун

 

СЕ ИЗВЕСТУВААТ кандидатите кои согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи исполнуваа услови за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на необработен тутун, а согласно протоколите за КОВИД 19 беа спречени да присуствуваат на обуката и испитот кој се оддржа во 2021 година, може да посетат обука која ќе се одржи на 28 февруари 2022 година, а полагањето на испитот на 01 март 2022 година во Научен Институт за тутун во Прилеп со почеток во 10 часот. Списокот на кандидатите е даден во Прилог 1.

 

С О О П Ш Т Е Н И Е за пријавување на кандидати за полагање на испит за добивање на лиценца за проценител на тутун

Пријавување на нови заинтересирани кандидати за полагање на испит заради добивање на лиценца за процена на необработен тутун ќе заврши ЗАКЛУЧНО СО 21 Февруари 2022 година.

Посетата на обуката ќе се оддржи на 28 Февруари 2022 година, а полагањето на испитот за добивање на лиценца за процена на необработен тутун ќе се оддржи на 01 Март 2022 година, во Научен Институт за тутун Прилеп во 10 часот, со почитување на протоколите за КОВИД 19.

Заинтересираните кандидати заедно со барањето (кое се наоѓа во прилог на ова соопштение) за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на необработен тутун треба да ги приложат следните потребни документи: 

1. Кандидатите со соодветно образование треба да приложат:

-диплома за завршено високо, вишо или свидетелство за завршено средно образование од областа на технологијата за производство и обработка на тутун;

2. Кандидатите кои немаат соодветно образование треба да приложат:

 -потврда од фирмата за работно искуство во областа на технологијата за производство и обработка на тутун и/или копија од М1/М2 Образец со податоци за работниот стаж и тоа:

 *високо образование со две години работен стаж,

 *вишо образование со три години работен стаж

*средно образование со четири години работен стаж.

3. Кандидатите кои немаат соодветно високо, вишо или средно образование кои се производители на тутун непрекинато најмалку последните пет години треба да приложат:

-договори за производство и откуп на тутун или потврда од претпријатието со кое производителот склучувал договори за производство и откуп на тутун и документ за завршено образование. 

4.  Кандидатите мора да имаат завршено средно образование ( 4 години).

Барањето заедно со потребната документација се доставуваат најдоцна до 21.02.2022 година до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на адреса: улица "Аминта Трети" бр.2, 1000 Скопје.

Барањето за полагање на испит е дадено во Прилог 2, трошоците за спроведување на обука се дадени во Прилог 3, а трошоците за полагање на испит во Прилог 4.

 

 

Документи за превземање

Прилог 1
Прилог 2
Прилог 3
Прилог 4
Share