Врз основа на член 55 став (1) од Законот за организација и работа на органите во државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 110/19), а во врска член 6 став 2 од Законот за волонтерство („Службен весник на Република Македонија” бр. 85/07, 161/08, 147/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 124/19 и 103/21), и Програмата за волонтирање во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за 2022 година бр.04.2818/1 од 18.2.2022 година, се распишува следниот:
ЈАВЕН ПОВИК
за ангажирање на волонтери
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува јавен повик за ангажирање на волонтер за следните волонтерски активности
Вид на волонтерски услуги:
|
Стручна и оперативна поддршка во областа на земјоделството и руралниот развој;
Стручна и оперативна поддршка во областа на хидротехниката;
Стручна и оперативна поддршка во лабараториите за бактериологија, микрологија, ентомологија и нематологија;
Техничка и оперативна поддршка при користење на Географски информативен систем;
Стручна и оперативна поддршка во областа на шумарството, еко-инженеринг и екоменаџмент;
|
Број на волонтери
|
10 (десет)
|
Заинтересираните лица треба да ги исполнуваат следните услови:
- да е полнолетен граѓанин на Република Северна Македонија и
- да има завршено најмалку средно образование.
Секој заинтересиран кандидат, кој ги исполнува горенаведените услови може да ја достави својата биографија и писмо за мотивација (заедно со копија од дипломата за завршен степен на образование и копија од државјанство) во седиштето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. Аминта Трети бр.2, 1000 Скопје, Република Северна Македонија, најдоцна до 4.3.2022 година.
Сите доставени информации ќе се третираат како строго доверливи.
Волонтерскиот ангажман ќе се заснова за период од 6 (шест) месеци, за што ќе се потпише и договор за волонтирање.
Задоцнетите и некомплетни пријави нема да бидат земени предвид.
Само ангажираните волонтери ќе бидат контактирани.
По завршување на волонтирањето, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не презема обврска за вработување на волонтерите.