Николовски за Топ Тема: Храбро креираме нов модел за субвенционирање – Наша цел е зголемено производство предадено во домашни капациети

14.09.2022 21:50:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски вечерва гостуваше во емисијата Топ Тема на Телма телевизија.

Посветено работевме за да подготвиме нов и пофункционален модел за субвенционирање, кои храбро, отворено и транспарентно го презентираме пред земјоделците потенцираше министерот Николовски.

„Со новиот предлог не се крати ништо од досегашната поддршка која ја добиваат земјоделците, останува истиот буџет распределен во повеќе програми за поддршка. Основата на костурот е токму премин од еден систем во кој субвенциите беа исплаќани по површина на земјоделските стопанства и фармерите сега таа поддршка ќе ја добиваат како основна субвенција за тоа што ја обработуваат земјата, а другиот дел од субвенциите  го врзуваме со производството, односно да докажат дека имаат производството кое е дадено или предадено на регистрирани преработувачки капацитети, трговци или купувачи и притоа да остварат приход“ истакна министерот Николовски.  

На новиот концепт се работеше шест месеци и беше презентиран пред Агро Советот, а следува презентација пред подсекторските групи како и теренски средби со земјоделците, се цел да го објасниме и до крајот на годината да го утврдиме овој нов модел,кој ќе биде долгорочен.

„Програматa за рурален развој прераснува во инвестициска програма за поддршка, со посебен акцент на малите производители и на регистрираните земјоделци. Воведуваме нова мерка за поддршка на бизниси идеи во следните 5 години. Се помагаат помалите фармери чија основна дејност е земјоделтвото, за инвестиции и проширување на производствтото, или почнување фабрики за расад. Овој повик ќе е отворен цела година и ќе трае до исрпување на средствата. Наместо ние да одредуваме за што ќе се дава поддршка земјоделецот ќе може сам да подготви план и да аплицира за набавка на трактор, силос, систем за наводнување или др инвестиција“ истакна министерот Николовски.

Една од работите на која министертвото работи во овој период е земјоделското осигурување, преку креирање на осигурителен пул преку кој планираме првите три години трошоците за осигурување да бидат покриени од државата. Овој концепт е зависен од донесувањето на законот за задолжително земјоделско осигурување, но и од добивањето на средства од програма на ФАО во висина од 50 милиони евра за кои веќе подготвивме проект и аплициравме. На овој начин го решаваме проблемот со штетите во земјоделството и ја забрзуваме постапката за исплата на штетите.

Наша задача како министерство е да понудиме решенија за сите проблеми кои ги мачат земјоделците. Максимално посветено и одговорно се движиме и работиме кон целите кои ги имаме поставено, да креираме добар систем за субвенционирање кои дава резултати и го зголемува домашното производството кое пред останува дома во домашните преработувачки капацитети, вложување во капитални инвестиции за изградба на нови водоснабителни капацитети, максимална искористеност на средствата од ИПАРД програмите и модернизација на земјоделството, реформа во секторот шумарство и водостопанство и ставање на фокус кон малите земјоделци преку системот за продажба од праг.  

 

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици