Објава на елаборат на заштитена геогравска ознака БЕЛАСИЧКИ КОСТЕНОВ МЕД

08.02.2023 12:50:00


Врз онсова на член 148 став 6 од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/10, 53/11, 55/12, 106/13, 116/15, 149/15, 193/15 и 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/21), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопштува дека во тек е постапка за регистрација на ЗГО  - Заштитена географска ознака „БЕЛАСИЧКИ КОСТЕНОВ МЕД “, а врз основа на поднесено барање од страна на земјоделската задруга Здужение на пчеларство ,, ПЧЕЛИН РАЈ,,- Струмица.

Секое домашно и странско правно или физичко лице кое има некаков правен интерес има право да поднесе приговор на предложениот назив до Министерството во рок од 30 дена од денот на објава на ова соопштение.

На линкот подолу може да го преземете елаборатот на производот за кој се бара заштита на географскиот назив „ БЕЛАСИЧКИ КОСТЕНОВ МЕД “.

Документи за превземање

Елаборат
Share