ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/23 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање

05.05.2023 14:40:00


Врз основа на член 21-a став 1 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/19и 178/21), а по претходно добиена согласност од Владата на Република Северна Македонија и донесена Одлука за давање на согласност на Јавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 92/23 од 18.04.2023 година), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува: ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/23 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање. Повеќе за огласот, деталите, начините и критериумите за аплицирање може да ги прочитате во документите во прилог.

Се известуваат сите понудувачи дека последен ден за поднесување на понуди е 25.05.2023 година (четврток), а јавното отворање на понудите ќе се одржи на ден 26.05.2023 година (петок) со почеток во 09:00 часот во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. „Аминта Трети“ бр.2, 1000 Скопје (големата сала на приземје).

Документи за превземање

Јавен оглас 01-23
Предлог површини
Образец на понуда по јавен оглас
Верзија за банкарска гаранција за учество на Јавен Оглас
Решение
Решение
Share