Со поддршка од Светска Банка презентиран извештајот „Зелен развој на секторот земјоделство“

08.05.2023 15:00:00


Во организација на Светска Банка и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопнатсво, денеска во Скопје се одржа настан на кој беше промовиран извештајот „Зелен развој на секторот земјоделство во Република Северна Македонија“ кој ги презентира потенцијалите на македонскиот земјоделски сектор и ги истражува неопходните активности што треба да се преземат за успешен зелен развој.

На настанот присуствуваа претставници на Светска банка, Европската Унија, државните институции, академската фела и други гости.

Извештајот во кој се содржани темелни анализи на факторите кои влијаат на остварувањето на таргетите утврдени со европската зелена агенда, ги одразуваат нашите амбиции за зелен раст, потребите за структурни реформи, мерките за заштита од влијанието на климатските промени, усогласувањето на стандардите за безбедност на храна со европските стандарди, контролираната употреба на пестициди и ѓубрива како и можностите за дигитална трансформација.

„Сето ова ќе придонесе при креирањето на идните политики кои влијаат на процесот за зелен развој на секторот земјоделство. Земјоделството бара цела мрежа мерки за негова заштита од климатските промени и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги следи и се прилагодува на условите, дополнително спроведувајќи ги сите расположливи мерки за заштита на приносите од климатските катастрофи. Зелената транзиција е еден од нашите приоритети што е во согласност со Зелениот договор на Европската Унија. Почитувањето на зелените принципи, е клучно за постигнување на амбициозната цел за климатско неутрална Европа кон која и ние тежиме“ посочи министерот Николовски.

Соработката помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Светска банка е долгогодишна и со високо ниво на поддршка за развој на секторот. Во тек е имплементацијата на „Проектот за модернизација на земјоделството“ кој се финансира со 46 милиони евра заем од Светска банка и 4 милиони грант од Европската Унија. Главната цел на проектот е да ја подобри конкурентноста на таргетираните земјоделски пот-сектори и да ја зајакне подготвеноста на државните институции за пристапот кон е ЕУ. Во таа насока голем придонес ќе има изградбата на откупно дистрибутивните центри во Ресен и

Струмица и главниот логистичко-дистрибутивен центар во Скопје кој ќе се простира на околу 30.000 метри квадратни. Ова се три најголеми капитални проекти со кои се модернизира домашното земјоделство. Новоизградените објекти позитивно ќе влијаат и врз отворањето на нови работни места во овие региони, што е само потврда дека придобивките се многу поголеми и допираат до сите граѓани и до вкупната домашна економија.

Министерот Николовски упати голема благодарност до Светска Банка за целокупната поддршка и одличната соработка со која се унапредува и модернизира македонското земјоделство.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици