Министерот Љупчо Николовски оствари средба со регионалниот директор при Европската Банка за обнова и развој Милјан Ждрале

08.06.2023 15:30:00


Министерот Љупчо Николовски оствари средба со регионалниот директор за агробизнис секторот за централна и југоисточна Европа при Европската Банка за обнова и развој Милјан Ждрале. На средбата разговараа на теми за инвестициски потфати во земјоделството клучни за развојот и конкурентноста на домашните производи.
Следејќи ги успешните искуства кои  Европската Банка за обнова и развој ги реализираше во земјите од регионот, подготвени сме да реализираме заеднички активности за инвестиции во истражување, развој, проектирање и инвестирање во системи за наводнување, финансирање на мали и средни производители за унапредување на производството и извозот.
Со идната соработка ставаме фокус на глобалните теми за обезбедување на храна при што го позиционираме домашното земјоделско производство како фактор во извозните синџири на снабдување со храна.

Share