ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА БЕСПЛАТНИ ОБУКИ ЗА СОВЕТНИЦИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

19.06.2023 14:30:00


Проектот „Модернизација на советодавните услуги за земјоделците во Република Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство спроведува програма за обука на советници во земјоделството како дел од активностите за воспоставување на новиот Советодавен систем во земјоделството и руралниот развој во Република Северна Македонија.

Обуките се наменети за сите заинтересирани субјекти кои имаат завршено студии од областа на земјоделските и ветеринарните науки, како и други релевантни студии поврзани со понудените обуки.

1. Начин на реализација:

Обуката содржи две целини (модули):

- Вештини за испорака на советодавни услуги и

- Технички целини.

Обуката ќе се реализира со вкупен број на 50 наставни часови (20 часа од целината - вештини за испорака на советодавни услуги – меки вештини и 30 часа од групата на технички целини).

Учесникот мора да избере две целини (модули) за да се стекне со сертификат, од кои едниот е од целината - вештини за испорака на советодавни услуги, а вториот модул го бира од групата на технички целини.

По завршувањето на обуката, учесниците се стекнуваат со официјален сертификат издаден од проектот, кој ќе биде валиден за понатамошна поддршка или за барањата што во иднина ќе ги постави МЗШВ.

2. Период на реализација на обуките е од јуни до декември 2023 година.

 3. Критериуми за учество на обуките се:

- завршени студии од областа на земјоделските и ветеринарните науки и други релевантни студии поврзани со понудените обуки.

 4. Првите две обуки за вештини за испорака на советодавни услуги – меки вештини (модул Профил на советодавач) ќе бидат органзирани во:

-Скопје на 23,26 и 27 јуни 2023 година

-Битола на 29,30 јуни и 3 јули 2023 година

Следните термини и места на одржување на обуките ќе бидат објавени дополнително.

 5. Пријавување за учество на обуката:

Со апликација на линкот  https://forms.gle/W1DNVN9rvbNyLiCH9 

 

Документи за превземање

Програма за обука Профил на советодавач 23-27 јуни
Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици