Јавна објава на елаборат за географска ознака – Мариовски мед

15.07.2023 10:30:00


Ги известуваме сите заинтересирани правни и физички лица дека на барање на Еколошко друштво “Кајмакчалан„ од с. Маково, Битола, започната е постапка за регистрација на заштитена географска ознака – Мариовски мед согласно Законот за квалитетот на земјоделските производи (,,Службен весник на Република Македонија,, бр. 140/10, 53/11, 55/12, 106/13, 116,15, 149/15, 193/15 и 39/16 и ,,Сл.весник на РСМ,, бр. 150/21). 

Согласно членот 149 став 1 од горенаведениот закон, секое домашно и странско правно или физичко лице кое има правен интерес има право да поднесе приговор на предложениот назив до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на елаборатот.

Документи за превземање

ЕЛАБОРАТ ЗА ГЕОГРАФСКА ОЗНАКА-Мариовски мед
Правилник за форма и содржина на Приговор на предложен географски назив
Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици