Јавен повик за доставување на барања за користење на средства по мерка 3 од ИПАРД 2 програмата

04.08.2023 14:00:00


Објавен јавен повик од ИПАРД 2 програмата за доставување на барања за користење на средства по мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.

Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од ИПАРД, согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.

Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.

Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 8.8 милиони  евра, а крајниот рок за поднесување на барањата е 18-ти  септември 2023 година.

Повеќе информации за јавниот повик заинтересираните апликанти можат да најдат на https://www.ipardpa.gov.mk/mk/Home/IpardPovici/29

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици