Николовски: 270.000 евра европски средства преку ИПА програмата обезбедивме за нова опрема во три научни институции Земјоделскиот Институт, Земјоделскиот факултет при УГД и Институтот за тутун

23.08.2023 14:00:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во рамки на денешната посета на Институтот за тутун во Прилеп, изврши увид во набавената опрема преку ИПА фондовите на Европската Унија, за потребите на Ген Банката.

Ген Банката е во состав на Институтот за тутун во која се чува семенски материјал од 56 различни сорти на тутун и место каде се одржуваат сите автохтони сорти на тутун.

Преку ИПА програмата со средства од ЕУ го зајакнуваме Институтот за тутун со нова опрема, која ќе помогне за научни цели и поддржување на автохтоните раси. Ротилиште, автоматски бројач на семе, термосушица и дехумификатор се само дел од опремата која се набавува за потребите на Институтот

Со 270.000 евра средства на ЕУ преку ИПА фондовите обезбедивме опрема за три научни институции, Земјоделскиот Институт во Скопје, Земјоделскиот факултет при УГД во Штип и Институтот за тутун во Прилеп.

Поддршката која ја добиваме од Европската Унија преку ИПА и ИПАРД прогамите е значајна и важна за земјоделците и континуирано помага во развојот и модернизацијата на македонското земјоделство.

 

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици