Министерот Николовски во посета на компанијата БимФуд, успешна ИПАРД приказна во Прилеп

23.08.2023 16:00:00


Во рамки на теренските активности при посетатана Прилеп, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ја посети компанијата БимФуд.

Компанијата БимФуд е уште една успешна ИПАРД приказна и позитивен пример за максимална искористеност на европските средства кој се ставаат на располагање, со дури 3 апликации и овозможени средства за инвестиции за опрема од над 20 милиони денари.

БимФуд како компанија е еден од лидерите во собирањето, преработката, пакувањето и дистрибуцијата на диви печурки и други диви плодови во регионот на Балканот.

Со реализацијата на средствата од ИПАРД 2 програмата компанијата БимФуд вложила во зголемување на капацитетот за производство и модернизација на опремата воведувајќи медерни технологии.

Во тек е последниот јавен повик за мерката 3 од ИПАРД 2 програмата во вредност од 8,8 милиони евра наменет за инвестиции во основни средства, опрема, за преработка на земјоделски и рибни производи. Крајниот рок за поднесување на барања за овој повик е до 18 септември 2023 година.

 
Наскоро преку распишувањето на првите јавни повици започнува и реализиарањето на новата ИПАРД 3. Како земја лидер први во регионот со буџет од над 90 милиони евра европска поддршка ја започнуваме новата ИПАРД програма, за нови инвестици и модернизација на македонското земјоделство. 

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици