Николовски во вестите на Сител: Предлагаме по најмалку 12.000 денари по хектар поддршка на лозарите за произведено винско и трпезно грозје, мерка што веднаш по завршувањето на бербата ќе ја предложиме до Владата

13.09.2023 22:00:00


Еден од најзначајните сектори, за мене и министерството, е токму секторот лозарство и винарство. Ниту еден лозар нема да биде оставен сам, потенцира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски гостувајќи вечерва во Тема на денот на Сител телевизија.

„Она што можам да го најавам е дека 200 милиони денари ставаме на располагање за поддршка на лозарите за произведено винско, но и за прв пат, со поддршка и за прозиведено трпезно грозје и тоа по најмалку 12.000 денари по хектар. Ова е мерката што како предлог ја доставив до подсекторската група за вино и грозје“, истакна министерот Николовски.  

Климатските промени и честите дождови оваа година направија големи штети на лозовите насади и од овие причини годинава родот е намален и со послаб квалитет. Затоа како министерство веднаш по завршувањето на бербата, кога ќе ги имаме точните бројки, заедно со подсекторската група ќе ја финализираме предлог мерката и за усвојување ќе ја предложиме до Владата.

Со новиот модел за субвенициноирање лозарите до крајот на годината ќе ја добијат и исплатата на авансната исплата до 30% на основните субвенции, или12.000 денари, а остатокот од 28.000 денари, ќе им се доисплати во февруари, традиционално како и секоја година за празникот Св. Трифун.

Притоа информираме дека со новиот модел за субвенционирање кај лозарството нема услов за минимални количини на произведено и набрано грозје, што би занчело дека сите лозари независно од тоа колкава количина грозје произвеле, ќе ги добијат преостанатите 28.000 денари со поднесена изјава.

 

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици