Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски оствари прва работна средба со новоименуванаа германска амбасадорка, Петра Дрекслер.
Германија е наш безрезрвен поддржувач и значаен партнер во интегрирањето на нашата држава во Европската Унија. Земја пријател со која бележиме одлична трговска размена на наши македонски земјоделски и прехранбени производи.
На средбата министерот Николовски и амбасадорката Дрекслерразгораа за претстојната посета во октомври на Федералниот министер за земјоделство и храна на Германија, Џем Оздемир. Значајна средба која е потврда за највисокото ниво на соработка во секторот земјоделство помеѓу двете држави.
Дополнителна потврда за успешната сорбаотка меѓу Северна Македонија и Германија е успешното реализирање на фаза 1 и 2 од проектот Јужно-вардарска долина, како и инвестициите во 4 нови системи за наводнување финансирани преку Германската банка KFW. Уште една конкретна соработка бележиме и со Германското друштво за регионална соработка (GIZ).