Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска го објави повикот за млад земјоделец од Прогеамата за рурален развој. Мерка 112 Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност до 600.000,00 денари финансиска поддршка од прифатливите трошоци по поединечен корисник.
Средствата се наменети за инвестиции за набавка на нови основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година.
Максималната вредност на финансиска поддршка по корисник за Мерка 112 изнесува 600.000,00 денари, односно 100% од направените трошоци. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво во најмногу три рати.
Трактор и приклучна механизација не се прифатлив трошок.
Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk
Крајниот рок за доставување на барањата е 15.10.2023 година.
Повеќе информации на следниот линк: https://www.ipardpa.gov.mk/mk/Home/JavniPovici/2