Министерот Николовски му посака добредојде на новиот амбасадор на Република Словенија, Грегор Прескер

20.09.2023 13:30:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска оствари средба и посака добредојде на новиот амбасадор на Република Словенија, Грегор Прескер.

Словенија е наш безрезервен, искрен поддржувач на патот кон ЕУ, ја продлабочуваме и продолжуваме соработката со Словенија во областа на земјоделството.

Токму од Словенија црпиме искуства за поддршка на младите земјоделци, развојот на задругите, и спроведување на зелената агенда. 

Министерот Николовски на денешната средба со амбасадорот разговараа за можноста наши македонски млади земјоделци да ја посетат Словенија и фармите кои ги водат млади земјоделци, се со цел да размениме искуства, но и нашите земјоделци да ги видат примените на модерна технологија и дигитализација во словенското земјоделство.

Взаемната поддршка, и соработка ја продолжуваме и прошируваме со пријателска Словенија.

 

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици