Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска оствари средба со практикантие, млади успешни стуеднти, кои се ангажирани во рамки на министерството.
На денешната средба министерот Николовски заедно со практикантите разговоараше за досегашното искуство кое го стекнале преку овој процес и придиобивките од директниот контакт со мерките, програмите и политиките од министерството.
„Мојата лична заложба е да ги задржиме младите дома, и да обезбедиме достојни услови за нивен напредок, работа и градење на кариера. Досегашното искуството покажа дека токму практикантите дадоа најголем придонес во креирањето на новите мерки, што од оваа година за прв пат се воведуваат како поддршка на земјоделците“ истакна на средбата министерот Николовски.
Младите практиканти, се полни со елан и енергија. Активно допринесат во работата на секторите при министерството, учејќи нови вештини и стекнувајќи нови искуства во земјоделскиот сектор.
Младите практиканти, се успешни студенти од земјоделскот, шумарскиот и ветеринарниот факлутет, пријавени на последниот оглас за ангажирање на практиканти, со потпишан договор за практиканство во период од шест месеци и месечен надоместок од 70 % од минималната плата во државата.
Преку конкретни мерки даваме фер шанса на младите. Обезбедиме за прв пат стипендии во висина од 18.000 денари месечно за студентите од земјоделскиот, шумарскиот и ветернираниот факултет. Преку грант поддршка од 10.000 евра даваме поддршка за младите земјоделци активно да се вклучат во земјоделскиот сектор. Ова се конкретни мерки што министерството ги дава за младите, мерки што даваат резултати.
Министерот Николовски потенцира дека денешната средба со практикантите е надеж, но и доказ, дека младите кога имаат вистинска шанса од државата целосно ја користат, имаат поголем мотив и себеси се гледаат тука, во својата татковина, тука градејќи ја својата индина.