Министерот Николовски и генералот на Националната гарда на Вермонт во посета на винаријата ИМАКО

28.09.2023 15:00:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска беше домаќин на генералот на Националната гарда на Вермонт, Григориј Најт, со кого заедно ја посетија винаријата ИМАКО.

Северна Македонија и Вермонт имаат добра соработка, која беше потврдена уште при постатата во мај месец оваа година на министерот Николовски во Вермонт. При тогашната официјалната посета беше договорена соработка меѓу двете земји во делот на младите, како и можност за пласман на македонското вино. Исто така Северна Македонија ќе го црпи позитивното искуство на Вермонт во делот на управувањето и заштитата на шумите од пожари при реализацијата на големата реформа во шумарството која министерството ја започнува.  

Во рамки на посетата министерот Николовски и генералот на Националната гарда на Вермонт, Најт имаа можност да се запознаат со процесот на призводство и работата на винаријата ИМАКО. Винаријата ИМАКО е успешен ИПАРД корисник која грантот го има искоритено за набавка на опрема за производство, ладилна единица, перисталтична пумпа и акцелеатор за мацелација.

Набавената опрема преку ИПАРД 2 програмата на винарската визба ИМАКО и помогнала во подобрување на квалитетот на виното и го олеснила преносот на виното од еден во друг систем.

Винаријата ИМАКО е една од винариите кои искористиле средства од ИПАРД 2 програмата и добар мотив за сите останати компании да аплицираат за искористување на новите средства од ИПАРД 3 прогрмата, и со тоа да го развијат, зголемат и унапредат производството.

 

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици